ИЗЛОЖБИ, ИСТОРИСКИ ЧАСОВИ И МОНОГРАФИЈА

За милениумскиот роденден на Прилеп

За одбележување на 1000 годишнината од првите записи за постоењето на Прилеп, ДНУ во соработка со Архивот во втората половина на август ќе организира изложба “Балканските војни 1912 – 1914”

Во септември ќе има историски час  “Подвижниот конгрес на ВМРО – 1904 во Прилеп и прилепско”. Модератор ќе биде проф. д-р Михајло Миноски. За периодот на владеењето на цар Самоил и потоа, историскиот час ќе има проф. д-р Милан Бошкоски во октомври во Библиотеката.

Потоа ќе следи научниот собер “Нови проекти за ревитализација на Мариово и пошироко”, а кон крајот на годината ќе биде објавена и монографијата “Прилеп 1014-2014”.

Loading