СЕ ДОТЕРУВА МАНАСТИРОТ ВО ГОСТИРАЖНИ

Majstori za Sveta PetkaСе изведуваат градежни зафати за доизградба на конаците во манастирот Свети Петка во село Гостиражни. Се помага од повеќе страни.  Донации праќаат луѓе со добра волја и претпријатија. Пример е организираната помош на група од 15-16 луѓе од Здружението Прилепски Бранители. Тие работат со полна пареа, не штедејќи се и не плашејќи се од жешките зраци на сонцето.

Карактеристично е што овие хумани луѓе случајно изведувале повеќе акции во манастирите во селата Мусинци, Веселчани и Гостиражни, каде храмовите го носат името Света Петка.

Преку весникот Зенит испраќаат апел до сите верници да ја покажат својата хуманост за доградба на почнатите работи во манастирот Света Петка во селото Гостиражни. Контакт телефон 076 455 150

Loading