Горан Попов во Прилеп
Фудбалерот од англиската Премиер лига, Горан Попов, го посети својот менаџер Роберт Ѓорчески. При престојот во градов не пропушти да ги види најдобрите рекреативци, кои 30 години играат на мали голчиња кај Типските куќи. Само што слезе од моторот, го препознаа и сите се собраа.
– Сосема е тетовиран на рацете. За Светското рече дека зборувањето за фудбал му е преку глава. Отстапен во FBA, уште имал договор со Динамо Киев. Најави свадба. На заминување, прекинавме, оти не доаѓа секој ден премиерлигашки фудбалер во маалото. Се поздравивме и му посакавме сé најдобро – вели Љупче Јорданоски.
Спомен е фотографијата каде Попов е меѓу Љупче Јорданоски и Трајче Кондоски.