СУБВЕНЦИИ ЗА СВЕТИЛКИ НА ТРАКТОРИТЕ

Кривогаштани

Локалните власти во координација со МВР ќе субвенционираат отстранување на дефекти на светлосната сигнализација кај тракторите, комбајните и приклучната земјоделска механизација, бидејќи е зачестена фреквенцијата на необележани земјоделски машини кои се опасност по безбедноста во сообраќајот. Сопствениците на земјоделски машини без фарови и штопови или со оштетени светла ќе поднесуваат барања до општината за организирано инсталирање на соодветната сообраќајна сигнализација.

Loading