СТАРТ СО КОЛОНИЈАТА ДРЕН

Цело лето културно лето во ЦК”Марко Цепенков”

ЦК “Марко Цепенков”, и годинава ќе го разбие летното сивило, стеротипија и монотонија со традиционалната манифестација “Прилепско културно лето”, ќе се изведува под мотото “Цело лето – културно лето”. Стартот е в петок со седмата ликовна колонија Дрен. Уметници од Македонија, Русија, Србија, меѓу кои Данчо Ордев, Панде Петровски, Новица Трајковски, Натали Раклина, Евгениј Северушкин, Олга Панкина, Билјана Стоилковиќ Долиќ… ќе творат до шести јули црпејќи инспирација од амбиентот и природата во манастирот Св. Илија во селото Дрен.    

Директорот Тони Чатлески вели дека Центарот ќе понуди интересни настани.

–  Некои веќе се традиционални како отворањето на изложби, манифестацијата Изворен фолклор на балканските народи… Или настани за сите вкусови – потенцира Чатлески.

Loading