РИСТЕСКИ СЕ “ПРЕПРАВИЈА” ВО БАВАРЦИ

Според прилепскиот адет за домаќинлак за верскиот празник Велики Поклади и за меѓународниот карневал Прочка, градоначалникот Марјан Ристески ги почести со чоколодо и парички неколкуте маскирани деца кои затропаа на неговата порта. Првиот човек на Прилеп, заедно со семејството, ретко пропушта да се маскира и да ја одржува и пренесува традицијата на предците, на “преправањето”. Сопругата Фанче и ќерката Михаела со таткото и сопругот Марјан се променија во германска народна носија на Баварците, во знак на сé повеќе раширеното препознавање на Прилеп како градот на пивото со организацијата на Пиво фестот и на големото пријателство на Прилеп и Германија.

Ристески рече дека костимите ги избрал да го идентификува градот не само по тутунот и мермерот, туку и како македонски и балкански центар на пивото, слично на Минхен, каде секоја година милиони луѓе се облекуваат во традиционално руво на фестивалот Октобар фест.

Поубавата страна на Ристески изјави дека семејството го негува адетот на маскирање и дочекување гости за празникот Велики Поклади, кога се простуваат помладите со постарите.

Инаку, таткото на Прилеп е фан на минхенски Баерн.                  

Loading