ВЕКОВНА ПРОЧКА

Прочка отсекогаш била празник за “преправање” на прилепчани. Маскирањето во сурати има долга традиција, која се пренесува од колено на колено. Луѓето сакале барем за миг да излезат од својата кожа и да се претворат во нешто друго што ќе биде привлечно, необично. Биле инвентивни младите кои во прочкарски тајфи чукале од врата во врата, да ги видат домаќиите и да ги почестат. Се “престорувале” во скелети или костури, ѓаволи, чалгаџии, кловнови, поштари, волшебници и други маски, покрај автентичните “мечкарски сурати” на касапите. Сурија деца се движеле по неверојатните маски за времињата.

Празникот Велики Поклади се толкувал не само за проштевање,  туку и за победа на доброто над лошото и бркањето на злите духови. Бил време за сарказам, иронија, мајтап, кажан низ маските. Младите низ одржувањето на адетот на повозрасните се забавувале и измамувале насмевки и погледи кај девојките.

Прочка била најава на плодност, пролет на бериќет. 

Loading