– Градоначалник без советници е како градоначалник со врзани раце, рече лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски.
Ако сакаат прилепчани да го поддржат градоначалникот, тогаш треба да гласаат и за советничката листа. За да може градоначалникот да донесе одлука за нешто да изгради, да направи, мора да има одлука од мнозинството во Советот.
– Ако нема мнозинство, не сакаме да лажеме и да кажЕме дека може да ги оствари ветените проекти, затоа што нема да може. Порачувам сите да гласате паралелно и за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, и за листата. Ристески е човек што го познава градот и парите ги вложи во најголемите приоритети. Колку што трошеше од локалниот буџет, толку пари наоѓаше од други фондови или од Владата, заедно со Миле Јанакиески кој му даде поддршката – рече Груевски.
Со реализирани проекти, 8 години Прилеп оди по нагорна, развојна линија.