Со дување свеќи на торта со знакот на фудбалскиот тим Баерн од Минхен, градоначалникот Марјан Ристески го прослави својот 41 роденден. Тој ги почести соработниците во локалната самоуправа, а роденденската торта ја вкуси и гостинот, министерот за надворешни работи Никола Поповски. Не беа заборавени и новинарите. Ристески вели дека најголем ќеф за роденденот му причинила последната победа на неговиот омилен тим Баерн.
Инаку, Марјан Ристески е роден на 20 февруари 1972 година во Прилеп. Средно образование завршил во гимназијата “Мирче Ацев” во Прилеп. Завршил Економски факултет во Прилеп и се стекнал со статус дипломиран економист. Пред да биде избран за градоначалник, седум години беше комунален инспектор во локалната самоуправа.
Оженет е со сопругата Фанка, и е татко на 7 годишната ќерка Михаела.
Учесник е во воениот конфликт од 2001 година. Беше дел од конвојот во кој загинаа десет Прилепчани кај Карпалак. Член е на ВМРО-ДПМНЕ од 1993 год. Од 2002 годдина беше координатор на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Ристески е кандидат за трет градоначалнички мандат од редовите на владеачката ВМРО-ДПМНЕ.