ПИВСКАТА КРАЛИЦА – МАТИЦА

Прилепска пиварница

Планираат 760 м2 простор, очекуваат да се испие 60-70 тони пиво на Прилепска пиварниц аили околу 300 тони

Надалеку позната реномирана манифестација која го величи горчлииот пенлив вкус, придружуван од вкусни специјалите на скара, годинава од 12 до 15 јули ќе се одржи по десети пат. Фестивалот има бренд за кој покрај лобирањето на Локалната самоуправа, континуирано се грижи и Прилепската пиварница. Несебичната поддршка се изразува во секој сегмент, од идеја до реализција, со бројни идеи за осовременување на манифестацијата.

– Пионерските чекори на “пивофестот” беа со многу недостатоци, пропусти. Учевме од грешките и се коригиравме сите заедно. Сега, после 10 години, направивме една манифестација вредна за респект која излезе далеку од границите на Македонија. Покрај првите иницијатори, голема заслуга имаме и ние како компанија со сесрдна поддршка – финансиска, материјална и со човечки ресурси. Заслуга има и Локалната самоуправа која по 3-4 години во свои раце, го презеде овој настан и се труди оваа манифестација да биде сé повеќе подобро организирана – вели Сашо Самарџиоски, генерален директор на Прилепска пиварница.

Се најавува богата програмата која предизвикува интерес. Пиварниците се организираат да се претстават и да примат посетители       – Го зголемуваме просторот, практично го дуплираме за да излеземе во пресрет на посетителите. Планираме простор на 760 м2 простор, очекуваме годинава 60-70 тони пиво да потрошиме или на цел Пивофест околу 300 тони. Пиењето пиво зависи од временските услови. Заговорник сум за останување на автентичниот начин на организирање, со идеи од другите места како се организирани манифестациите од овој вид –  објаснува првиот човек на Пиварницата.

Според него, уникатни сме во гостопримливоста, скарата, сатирата, мајтапот.

– Тоа му дава шмект. Октоберфест не е за споредба, затоа што станува збор за пиварска нација со 80 милиони жители. Имаше доста ЗА и доста ПРОТИВ, дали да остане манифестацијата во центарот. Поделено е и моето мислење – просторот станува мал, а од друга страна, ако е на периферијата, чаршијата нема да живее за Пивофестот – оценува Самарџиоски.

Тој не се плаши од конкуренцијата од странските пива.

– Покрај нашите Крали Марко и Златен Даб, ќе продаваме Туборг и Карлсберг. Ќе имаат можност посетителите да пробаат доста пива и да направат разлика. Се надевам дека нашето пиво ќе доминира на овој пивофест. Соработуваме со 10 до 15 скараџии, кои користат наше пиво – вели Самарџиоски.

Согласно логото, од Прилепската пиварница се надеваат дека ќе има самоконтрола врз сé, освен врз пиењето пиво.

ЕКСКЛУЗИВНА ПРОСЛАВА НА 90-ОТ РОДЕНДЕН

Во 2014 г. Прилепската пиварница ќе прослави јубилеј – 90 години од формирањето. За годишнината, планираат ексклузивна прослава со многу изненадувања.

– Од ноември минатата година се случија првични разговори за соработка со фирмата што ја произведува “Књаз Милош”. Тие први изразија интерес за контакт со нас. Бараа сигурен партнер за долги години и видоа дека сме способни за дистрибуција на вода секаде и секогаш. Прерано е за шпекулации за нови договори – вели Самарџиоски.

ВЕЧНО ПОДАДЕНА РАКА ЗА ХУМАНОСТ

Пиварницата е општествено одговорна компанија  која дава придонес во НВО, здравствените потреби, спортските и уметничките настани. Помага и во одредени програми на ЛС.

– Сепак, гледаме ликвидноста да е во ред, што е крајна цел на секоја фирма. Свесни сме дека треба дел од средствата да ги реинвестираме во општеството и со тоа нема да престанеме. Не можеме да излеземе во пресрет на сите барања за помош и се извинувам на сите, затоа што барањата се многу и е илузија да одговориме на сите – вели Самарџиоски.

Loading