МАЈСКО ГРАДИЛИШТЕ

Локалните власти под полна пареа го разубавуваат центрот. Со фонтаната пред ЦК “Марко Цепенков” заврши градбата на Арт плоштадот и паркингот. Фонтаната со 15 млазници распоредени во линија, овозможува воден ефект и илуминнација на 15 светилки во разновидни бои за облагородување на просторот ноќе. За заокружување на арт плоштадот, покрај патеката на славните и галеријата на скулптури на отворено, се очекува да се постават спомениците на Блаже Конески и Круме Кепески.

          Градежниците се преселија на менување на плочките на плоштадот “Ченто”, откако се оконча зафатот пред участакот и се постави споменикот на Кузман Јосифовски – Питу. Треба да се комплетира плоштадот со површина од 8.000 метри квадратни, на кој, покрај мермерни и гранитни плочки, ќе се постави нова урбана опрема, осветлување и ќе се озелени околината. Градот добива два пространи плоштада.

{vsig}AKTUEL/208/gradilishte{/vsig}

          Не стивнуваа брмчењето на машините на градбата на кружниот тек на крстоницата кај хотелот Липа. Градежниците ја поставуваат подземната инсталација. Ги утврдија границите на тротоарите со поставување на рабници. Го најдоа центарот на кружниот тек на сообраќајот, каде ќе се издигне огромна скулптура, но помала од обележјето на кружниот тек Карпалак.

          И старата чаршија е во прашина од мајсторите. И таканаречената улица на бочварите, веќе е под бекатон. И таа ќе блесне во цут како двете дветни пред неа. Мајсторите ќе продолжат да редат бекатон до влезот на пазарот, до паркигот кај џамијата и до споменикот на Пере Тошев.

Loading