Камени магацини за тутун без инсекти

Камените магацини, каде и сега вработените на Тутунскиот комбинат  складираат стокмен тутун од највисок квалитет за странство не се разликуваат денес и пред 80 години. Во повеќегодишната историја на Комбинатот, тие биле темелот каде се собирал, се складирал и се ферментирал откупениот род. Велат дека и мајсторите, кои ги граделе пред повеќе од 150 години знаеле марифет  на ѕидање објекти од ваков вид за да “зрее” тутунот природно, а да не мувлосува. Дали мајсторилакот бил во каменот или во експозицијата на објектите, или пак во бројот и големината на прозорците, никој не знае да каже. Се знае дека во камените магацини се оставал тутунот, без многу мака да стои,  без да се расипе. Не се  користела хемија за заштита од разноразните инсекти кои го напаќаат сувиот тутун. Магацините се конструирани за “здраво” одржување на тутунот, небаре со клима уреди.

Loading