Новинари – Камермани 3-1

Ревијален меч во мал фудбал

Во рамките на хуманитарниот турнир, во спортска арена “Сонце” се одигра ревијален меч во мал фудбал, меѓу екипите Новинари и Камермани. По првото израмнето полувреме и промашени зицери од еден метар беше 0-0, а во второто растураше Николче Димески од Канал Визија со хет – трик и победа на Новинарите од 3-1, а само почесен гол на Илчо Димески за Камерманите. За Новинарите настапија: Љупчо Мургоски, Петар Димоски, Зоран Игески, Николче Димески, Лазе Стојаноски, Кристијан Неделкоски, Менде Боболески, со тренери Драги Башески и Миле Талески. Поразените Камермани беа претставени од Марјан Паскоски, Дарко Катушев, Златко Андоноски, Илчо Димески, Игор Велкоски, Сашо Андоноски, Николче Пулески, Роберт Темелкоски и Раде Дамјаноски.

Loading