Шарени новогодишни ноќи

Новогодишни елки во полн сјај, украси на секоја светилка, блеснати фонтани, шарени дрвја и фантастични ноќни л’снати фасади. Тоа е дел од новогодишното руво на градот кое го збогати и снежната покривка. Работниците на Електроточила уште го китат градот во новогодишен декор. Блеска и зградата на Локалната самоуправа во чиј хол се наоѓа новогодишна елка која ја красат фтотографии од реализирани проекти и одржани настани. Уникатните “лампиони” говорат за стотици, стотици завршени задачи на локалните власти. Светилките во различни колори низ градот предизвикуваат радост и чувство на ведрина и оптимизам, стремеж дека новото лето ќе донесе кому повеќе љубов, кому здравје, кому среќа, кому работа, кому повеќе пари. Дедо Мраз ќе ги радува и децата и мајките и татковците, но и бабите и дедовците. Тргна новогодишната треска. Празничниот панаѓур во “Марко Цепенков, мами со честитки, играчки, украси и “џиџи-миџи”… Ама, за Божик, наш или католички, и за Нова Година, и најголемиот скржавец ќе го отвари ќесето за радост на најмилите.

Loading