ПАК “ ПАДНА “ ТИТОВ ВРВ

Околу педесетина планинари од ПД “Картуш”, “Јане Сандански” и “Козјак” го освоија Титовиот врв на Шар Планина, висок над 2700 метри. Под нозете на неуморните трагачи по планинските убавини, “падна” стрмниот и суров врв, македонскиот “покрив”. Иако на места, нагорнината е поголема од 70 степени, прилепските планинари не се предаваа во походот по освојување на панорамата од врвот. Цвеќето низ зелените планински полјани, но и карстот и карпите, понекаде со снег на височина од над две илјади метри, им давале дополнителна доза на возбуда. Планинарите под нозе минале триесетина километри во марш од седум – осум часа со старт од Попова Шапка. Тие биле дел од над илјада вљубеници на природата од земјава на 30-тото традиционално искучување на Титовиот Врв на Шара.

Loading