РИСТЕСКИ ВО АКРОБАТСКА АКЦИЈА

Небаре акробат, жонглер, градоначалникот Марјан Ристески, не испушта шанса кога е на дофат на топка, да покаже некои марифети, стекнати од помладите години. Кошаркарската топка, подадена од децата, учесници на манифестацијата Избор на нај петка на плоштадот во центарот, тој ја искористи да ја заврти на прстот од едната рака и да ги воодушеви со дарбата и тренингот, одржан од моментите кога топката му била пред политиката. Како кошаркарот од НБА Коби Брајант, демонстрира вештина на владеењето на топката. И не само со рака, туку со нога. Овојпат го имитираше Пеле. Топката ја редеше на едната нога неколку минути без да го допре тлото. Таткото на градот и сега најдува време за релаксациски фудбал со своите пријатели.

Loading