КЛУПИ ПОД ТОПОЛИТЕ

Заличи ливадата под тополите крај вештачкото езеро со клупи, маси и корпи за отпадоци. Ќе се изградат и камени простори за подготвување скара. Уредувањето е дело на Младинската иницијатива Виделина, во проектот Патот до водата. Урбаната опрема ја поставија околу 40 учесници. Сега прилепчани на рајаат ќе уживаат во чистиот воздух, ќе се одмораат и поткаснуваат. Отпадоците од скарата и ручекот во природа, ќе можат да го фрлат во корпите за отпадоци. За уживањето во иднина да биде уште поубаво, засадени се и дрвца. Уредувањето на излетничкото место на вештачкото езеро е со пари од владиното и локалното ќесе. За љубителите на природата, НВО Виделина најави уредување на уште две излетнички места кај Шаторов Камен и Оревоец.

Loading