НЕЗАБОРАВЕН ПЛОЧНИК

Дел од центарот кој останал во сеќавањето, секако е сегашниот плочник кај фонтаната на Водовод и канализација, сега крстен плоштад “Методија Андонов – Ченто”. Некогаш просторот бил уреден како тријаголен парк, каде се собирале млади на корзо и за на кино, оти во близина биле и хотелот Јадран, и кафеаната Југославија. По калдрмата се движеле арабаџиски коли, но архитектите од пред шеесетина години биле “визионери” и скроиле тротоар, макар што автомобилите биле реткост. Како и да е, фотографијата е уште едно сведоштво на “мирисот” на стариот наш град.

Loading