НАЈ ПЕТКА – [email protected]

НАЈ  ПЕТКА – [email protected]

Драги наши зенитпетковци! Разбудете се! Изборот за нај ученик, нај одделение, нај наставник и се разбира нај училиште за учебната 20011/12 година е во полн ек. Работава ни е “проверена”. Се “туркаа” за челните места “гоцеделчевци” и “рамполевковци”. Другите тешко се будат од “зимскиот сон”, а часовникот отчукува, деновите проаѓаат… Засучете ги ракавите и фатете се за работа: номинирајте ги вашите нај, а потоа поддржете ги преку вашите електронски гласови на нашата адреса: [email protected] или на фејсбук страната на zenitpetka

Се разбира, кого ќе номинирате и како ќе се изборите вашето училиште годинава да го понесе епитетот “нај”, зависи од вас. Бидете фер и обидете се најдобриот ученик да биде токму оној, кој е добар и вреден, умее да почитува и да другарува, има големо срце и широка насмевка…

Вашиот нај наставник нека биде оној кој умее да ве научи, да ве сака, да ве слуша и секојпат помага токму кога ви треба. Најдоброто одделение нека биде одделението кое е пример за другарство, соработка и покажани резултати.

Од секое училиште ќе биде избран најученик и најнаставник, додека најодделение и најучилиште ќе биде прогласено едно, она кое најповеќе ќе биде поддржано по електронска пошта.

Номинирањето трае до 15 мај за да можеме на крајот од месецот да го изпроглаисме нашиот избор на НАЈ ПЕТКА .

Loading