ОУ “Климент Охридски”
На општинскиот натпревар под наслов “Млади техничари”, девет ученици од ОУ “Климент Охридски” се поредија меѓу најдобрите десет. Со пет први, три трети и едно второ место, училиштето го “собрало кремот” и правото за учество на државниот “меч” во Кавадарци. Елена Спиркоска од седмо одделение со менторот Елица Миркоска, била прва во применета физика со проектот за запазување за законот за енергија. Бојана Тодороска била во конкуренцијата за применета математика. Предметот, типично поврзан со равенки, седмоодделенката го применила во домаќинството, со штица за пеглање. Го објаснила тежиштето на триаголниците и како ја држат структурата. Анастасиа Бошкоска ја зела “режисерската палка”. Седмоодделенката, со профи камера, ги снимила градските знаменитости и потрошила половина ден монтирајќи го материјалот. Синхронизирала и музика и секвенци за 10 минути го прикажала мини-документарецот. Жирито ја “дарило” со максимални 100 поени. Седмоодделенката Теодора Тасевска со наставничката Соња Петреска ги прикажала ефектите на временските услови врз човековото здравје. “Биометеото” на Теодора одлично минало кај жирито. Осмооделенката Роберта Ацеска освоила прво место за астрономија, објаснувајќи го влијанието на светлосното загадување со опсервацијата на соѕвездието Лав. Кажа дека индустријализацијата и гасовите од фосилните горива ја загадуваат светлината и го нарушуваат биоритамот на животните. Второ место освоила Нина Бошкоска за применета хемија, а третото место го освоиле Боркица Тинтоска за компјутерска техника, Лиле Димоска за применета биологија и Евгенија Стефаноска за екологија. Првонаградените ќе се борат за признанија на државниот натпревар. Додека техничарите биеле битка со знаења, Меланија Мицеска и Ивона Димеска решавале математички проблеми во ОУ “Добре Јованоски” на регионалниот натпревар и фатиле место за патот за Битола, на државниот меч.