Ефтин гас, место бензин, со системите “АЦ “

Во сервисот Ловато

Се штеди до 40 отсто во споредба со бензинот

Во времето на сé поскапи горива и на се повеќе потребните автомобили, а и со увозот на половни попристапни странски автомобили, расте интересот на сопствениците на автомобили со бензински мотори да ги адаптираат на гас. Од повеќето импровизирни уреди, сервисот Ловато на Илчо Мијајлески е единствена авто куќа која инсталира лиценцирани гасни уреди од полската фирма “АЦ” за милениците на четири тркала, кои за погон користат бензин, но и нафта. Со гасните уреди возењето поефтинува до 40 проценти. Според сопственикот, системот “АЦ” е второрангиран по квалитет за плински уреди во автомобили во светот. Монтираме гасни уреди на сите бензински и дизел мотори. Помал е интересот за дизелите, заради цената на нафтата. Инсталираме системи ЛПГ, течен нафтен гас, пропан – бутан, кој е производ на нафтата. Системите на метан, односно на природен гас кои работат на 220 бари не се стигнати во Македонија. Тројца специјалисти веќе 10 години работиме 4-5 модели на системи за сите возила дури и за моторите со воздушно ладење – објаснува Мијајлески. Според него, причината за менување на системот на гориво кај автомобилите се должи на поефтиниот гас, кој сега чини 46 денари за литар, чија цена сега се менува, а лете паѓа, во зависност од пазарот. Системот за гасен уред содржи боца, црево, саат, испарувач, дизни и друго. Располага и со контрола на режимот на промена од бензин на гас и обратно. Има инструмент табла. Максимално е безбеден, оти е конструиран по европски норми. Располага и со вентил сам да се затвора, кога ќе се изгасни автомобилот. Гаранцијата е три години или поминати 50 илјади километри на цел систем. Се штеди, оти бензинот е поскап. Потрошувачката, во споредба со бензинот, е повисока само 10 отсто во зависност од староста на возилото, а бензинот е поскап над 50 отсто. Од десетгодишното искуство и работење со компјутер, може да се заклучи дека имаме дебела професионална заднина за штелувањето и монтирањето на гасни уреди АЦ автогас. Полскиот систем е поиздржлив и е број еден во Европа по цената и квалитетот. Го монтираме од 250 до 800 евра за 6 цилиндри. Со гасната инсталација моторот губи само пет отсто од моќта. Покрај штедењето, има и силен еколошки аспект – вели Мијајелски.       Фирмата Ловато е застапник на полскиот систем за Западна Македонија. Затоа адаптации бараат возачи и од Битола, Кавадарци, Кичево, Демир Хисар, Македонски Брод. Квалитетот далеку се слуша. Затоа сервисот во Прилеп го пронашле муштерии од Атина и Солун. Потврда за квалитетот се 98 отсо несервисираните, а инсталирани уреди, во споредба со аматерските инсталации на нелојалните конкуренти. Мијајлески вели дека фирмата ја отворил поради големите разлики на цените. Своевремено гасот чинел 18, денари а бензинот 48 денари од литар.

Полјаците останале без здив

Претстваници на полскиот производител на гасните уреди дошле и во Прилеп да го видат на лице место квалитетот на инсталацијата. Тие биле изненадени и воодушевени од професионалниот пристап и стручноста. Затоа продолжува соработката како со постојани контакти, така и со можности за продолжување на односите. Инаку, Полската фирма постојано го унапредува системот, а сите иновации се поставуваат во сервисот Ловато.

Loading