Младите за борците од НОВ

“За да не се заборават, ниту повторат маките и изгубената младост на македонските борци од Втората Светска Војна, потребно е да се знае одисејата на борците за слобода.” Ова го изјави, претседателот на Сојузот на борците Благоја Чоноски, кој најави конкурс за учениците од основните и средните училишта за раскази со лични видувања на младите за НОБ со посебен акцент на Февруарскиот поход. Најдобрите тројца ќе добијат парична награда, а сите учесници ќе добијат книга.

Loading