Економски ,,англичани,,

Секцијата по англиски јазик под менторство на професорот Спасија Нешкоска – Цуцулеска, веќе пет месеци активно била вклучена во повеќе активности од разни полиња како што се хуманитарни акции, средношколски проекти, кино претстави, во активности за потикнуваат претриемачките способности. Основен предзнак била солидарноста и хуманоста, помош за луѓето кои имаат потреба. Првин отвориле штанд во училиштето каде се продаваат рачноизработени производи од учениците, во духот на Ноќта на Вештерките. Се продавале и картички со пораки кои подоцна се испраќале меѓу учениците. Во склоп на Ноќта на вештерките, се прикажувал филм, а потоа имало забава под маски, на која се избирала убавица под маска. Собраните средства биле донирани во хуманитарни цели, за помош на дете заболено од хронична болест и за семејство чија куќа изгоре во пожар. Бидејќи биле вредни и хумани, било наградени со просторија за секцијата. Просторијата била молерисана, а и со бои било нацртано американското знаме на еден од ѕидовите, иако не учат американски туку англиски јазик. Се носат со идеја да продаваат и за денот на вљубените, да ги посетуваат станарите од старскиот дом и да помогнаат на луѓето.

Loading