Светските таленти се во Прилеп

Моделарство: Светско јуниорско првенство

Еве Прилеп дочека да биде домаќин на врвно меѓународно натпреварување –  Светското јуниорско првенство во воздухопловно моделарство во рамките на ФАИ – Светската воздухопловна федерација. Благодарение на инволвираните во овој спорт, особено од клубот Фил феникс, одржувањето е пет дена, од 6 до 10 август на теренот кај Веселчани. Настанот не е никаква случајност, туку очекуван континуитет. По учества на наши спортисти низ успеси на разни меѓународни купови и првенства, по организација на купови и првенства кај нас, претстојново Светско јуниорскјо првенство е достигнат врв.

Се она што претставува талент од светски рамки, доаѓа кај нас. Тука се бранители на титули и освојувачи на медали, како од САД, од Украина, Полска, Унгарија, Романија, Шведска, Словачка, Израел, Кина, Франција… Голема битка е извесна за секој медал. Категориите се: Ф1А (едрилици), Ф1Б (гуменици), Ф1Ц (качувачи). Репрезентацијата на Македонија е од тројца прилепчани – Лука Најдоски, Михаил Пожарски, Дино Најдоски и охриѓанецот Петар Цветановски. Прилепчаните се пријавени во категоријата Ф1А, а охриѓанецот во Ф1Б.

Претходно Лука Најдоски заедно со Димче Велкоски и Анастасија Пожарска беа на Европското сениорско во Романија каде за Македонија постигнаа 19. место од 27 држави. Тоа не е се. На3 и 4 август, во пресрет на Светското првенство, градов е домаќин на Светскиот куп “Прилеп куп – Трофеј на Прилеп”,

Loading