Ракомет
Претстои 2. рунда од Супер-машката лига на Македонија и шанса за прва есенска победа на Прилеп. Гостувањето е кај Куманово, тим совладан неодамна на Меѓународниот турнир “Миле Нешкоски”. Немоќта Куманово ја покажа и на првенствениот старт, со високиот пораз со 29:12 од Бутел во Скопје. Што се однесува до Прилеп, во првото коло одигра драматичен меч дома со скопски Пролет. Гостите водеа со 5 разлика, потоа домашните дојдоа до пресврт и поведоа со два, а на крајот нерешено 30:30. Најефикасни од Прилеп: Христи Бикоски со 6, Пеце Рајатовски и Томислав Квастек со 5 гола.
Во 2. рунда од Супер-женската лига, В-група, Деспина е гостин кај фаворитот Ѓорче Петров во Скопје. Претходно, во стартното коло, прилепскиот тим дома со 21:33 загуби од скопски Вардар, во меч на кој Ангела Камческа постигна 6, Сања Цветкоска 5 гола.