Три недели пауза

Фудбал: Победа

Екипата на Победа последниот меч во системот на ФФМ го одигра на 1 септември (второлигашкиот со Македонија ЃП во Скопје), а следниот ќе го има дури на 22 септември (второлигашкиот со Беласица во Струмица). Цели три недели пауза, не само поради настапите на А-репрезентацијата, туку земени се предвид и Младинската до 18 години, како и Аматерската. И редоследот е изменет. Наместо по третото коло (со Македонија ЃП во Скопје) да се одигра четвртото (со Арсими во Прилеп), веднаш се прави скок до петтото (со Беласица во Струмица) на 22 септември. Дури потоа е враќањето кон четвртото коло (со Арсими во Прилеп) на 25 септември.

Според ова, по одиграниот пријателски меч со прволигашот Тиквеш (0:4), следниов викенд има можност за уште една контрола на екипата Победа.

Loading