Фудбал: Меѓународен турнир “Прилеп куп”
Од 8 до 11 август на Стадионот “Могила” е третото издание на Меѓународниот фудбалски турнир “Прилеп куп 2024” за млади категории фудбалерчиња, родени меѓу 2011 и 2016 година. Покрај домашни школи и клубови од Прилеп и од цела Македонија – Пелистер (Битола), Караорман (Струга), Охрид, Брера (Струмица), Форца Џипунов (Скопје), Напредок (Кичево), Саса (Каменица) и многу други, меѓународниот карактер го дава учеството на клубови од Србија – Лесковац (Јединство Бошњаче на тренерот Игор Митиќ, поранешен фудбалер на Победа), како и од Ниш.
Организаторите, Општина Прилеп и ФШ Тони подготвија пехари, медали, пакети со производи за најуспешните.