Направија шума од закони, ама не и обезбедија плодна почва.
*
Го издвоив своето мислење за да си го задржам умот.
*
Желбите ни се големи, ама чекорите различни.
*
Кога победува погласниот значи дека победило грлото, а не – умот.
*
Пријателството е бунар кој постојано треба да се продлабочува.
*
Велите дека сите сме еднакви, ама седиме на различни столчиња.
*
Датум се бара со – ум!
“Д-р Хаџи-Васков”