ИСТОРИЈА И ПРИРОДА ВО ЕДНО

Костур и островот Св. Ахил на гробот на Самуил

kastoria pan s

Ако сакате да уживате во спокојните води на езерата, да ги слушнете најразличните звуци на птиците, да ги видите магичните природни чуда во познатата Пештера на Змејот, да се сретнете со историјата или пак да ја допрете дивата убавина на островот Мала Преспа – Ахил, посетете го градот Костур во Северна Грција. Распослан е на езерото Орестиада, заокружен со планини. Градот е познат по византиските цркви, архитектурата со примеси од византискиот и отомански период, кожна индустрија и обработка на крзно.

Пешачејќи по патеката низ шума крај езерото, се открива манастирот на Црна Мајка Богородица. Потоа претстои магичната Пештера на Змејот под карпите на градот, кој е простор стар шест милиони години. Пештерата има седум езера длабоки од 3-8 м. и безброј сталактити, сталагмити, фигури и композиции кои ги сокрило времето. Откриена во 40-тите години на минатиот век од генерал Соунгариди. Ја нарекол Пештера на змејот, врзувајќи ја со една локална легенда. Откритието е потврдено 1954 г. На реконструкцијата и реставрацијата се работело 10 години од 2000 – 2009 г.

merakos 02 kastoria 1310x769

Традиција на населението е производството и трговијата со крзна и кожи. Има околу 300 мали и поголеми фабрики за обработка на кожа и крзно. Дел од жителите егзистираат од туризам, производство на вино и риболов, затоа што во водата на езерото има стотици видови на риби. Економски силниот и развиен град, располага и со мал аеродром.

Градот е богат со цркви од византиски период. Покрај храмот на Марија Панагија, има уште 72 византиски или подоцнежни цркви, од кои 54 се со нови архитектури. Најзначајна е Св Атанасие Моузаки. Можат да се посетат неколкуте музеи. Најпознати се Музејот на облеките, Фолклорниот музеј и  Монументалниот музеј. Меѓу знаменитостите од отоманскиот период е препознатливата камена архитектура и трите прекрасни моста околу езерото кои се дел од пешачката зона.

Доминира продажбата на крзно и кожа. Атрактивни се рестораните и таверните, кафулињата со поглед на езерото.

Во близина е островот Св. Ахил во грчкиот дел од малото Преспанско езеро. Над селото е базиликата и остатоците од средновековниот град Преспа, кој во 10 век го подигнал Цар Самоил. Во руините на базиликата Св. Ахил во 1969 година е пронајден неговиот гроб. Мирот и тишината во селото, преубавиот поглед од горниот дел предизвикуваат чуство дека времето застанало во други периоди. До островот се стасува преку понтонски мост кој го поврзува со копното.

merakos 03 kastoria 1743x752

Loading