УБАВИНИТЕ НА ОХРИД

43277590 303

Охрид е главниот, културно историски град во Македонија. Град со многу содржини и убавини, кои доколку се потрудите барем малку да ги побарате, ќе видите дека им нема крај. Не случајно доаѓаат туристи и посетители од различни градови, но и од различни земји од светот во поголем или помал број и сите се вљубуваат во прв поглед во него. Никој не останал рамнодушен, чекорејќи по плочниците со испишана милениумска историја, или пак уживајќи во галењето на светликавиот одблесок на сонцето од водите на Охридското Езеро.

Движењето на туристите се знае однапред. Се тргнува од плоштадот на кој од пред неколку години стои споменикот на патронот, заштитник Св. Климент Охридски, се оди по историската улица Цар Самуил, поминувајќи ги притоа музеите, Куќата на Робеви, црквата Св. Софија од 11 век, античкиот театар, Горна порта, галеријата на икони, црквата Св. Богородица Перивлептос, Самуиловите тврдини, Плаошник со Св. Климентовата возобновена црква посветена на Св. Пантелејмон и на крајот црквата посветена на Св. Јован Богослов, кај месноста Канео.

Охрид не се состои само од овие споменици. Карактеристично е што во Охрид има 365 цркви-манастири, познато кај народот ,,за секој ден од годината по една црква или манастир,,. Има други мошне интересни црквички и места. На пример, малкумина знаат дека има само една црква која вистински го носи името на Св. Климент. Тоа е малиот параклис Мал Св. Климент во близина на долната порта и уште две мали црквички од 14 и 15 век, Болничките цркви Св. Богородица и Св. Никола, кои, исто така, пленат со убавината. Затоа се често ,,мамка,, за специјално организираните групи, чиј фокус на итерес е историјата на уметноста. И моштите на Св. Климент околу 100 години биле сместени во малиот параклис посветен на светецот. Црквичката била градена во 15 век. Се претпоставува дека една од причините била, чувањето на моштите на Св. Климент.

{AG}654/ohrid{/AG}

Една од атракциите секако се изворите на реката Дрим и манастирот Св. Наум во непосредна близина. Со кајче може да се стигне до остатоците на значајниот храм Св. Богородица Заумска на брегот од езерото кај селото Љубаниште. Од другата страна, кај Струга, плени  црквата кај селото Калишта.

Во Охрид се ужива на бројните плажи, кои во летната сезона се преполни со луѓе. Доколку се посакува мир и спокојство, се препорачува плажата Лабино, која не ја знае секој охриѓанец, а луѓето кои живеат надвор од Охрид никогаш не чуле. Постои уште од турско; Има и патче за плажата, поделена на три дела, женска и машка плажа и плажа тајфа. Оние кои сакаат да бидат надвор од цивилизација и бучава можат да уживаат во оваа плажа, оддалечена 10 минути пеќачење западно од црквата Св. Јован Канео. Може да се посетат и дивите плажи меѓу кампот Градиште и селото Трпејца

Охридското Езеро е поделено помеѓу Македонија и Албанија. Дел од туристите престојот гом користата да го посетат Поградец во Албанија или прават обиколка околу езерото.

Loading