ЦЕЛ МЕСЕЦ ПРАЗНИЦИ!!

Белешка

Неодамна некаде прочитав дека Македонија календарски има најмногу празници во регионот! Секако овде се и државните, што се вели празници, но и  оние верските.

Од секогаш се знае дека неделата уште Господ Бог ја одредил како ден за одмор. Можеби и оттаму се бара носење на закон за неработна недела. Но, мора да се признае и верници и неверници и оние што некогаш пододуваат в црква ако имаат работа дали в поле или нешто да средат околу семејната куќа, а верувам и во селата и во градот подработуваат и не се ,,плашат,,  тоа да го сторат во неработниот ден, недела.

Порано се знаеше. Не се одеше в поле во недела, или на некој верски празник. Од секогаш државните празници не се ,,држеле,,. Се користеле за работа на нива. Или се работело в бавча или се садел тутун, или се работело нешто друго. Комшиите знаеле кој од комшилукот работи и во недела и ,,не држи,, до празникот. Па, не за бадијала народот рекол ,,Празникот, празно носи,,!  Некој, може да забележи дека сум против неработењето во недела. А, се знае кој седи, не работи секој ден, а не пак во недела да ја земе мотиката и тогаш да се разработи. Ама, веднаш некој може да каже дека толку многу државни и верски празници ,,измисли,, минатата власт. Добро! Се сложувам дека пред седум-осум години се кажа со одлуки или со закони да не се работат тие и тие денови. Ама, тогаш така беше. Ако сме за работа, а не сме, тогаш зошто пред четири години не се донесе закон да за враќање на помал број на празници, независно кои! Или, се ,,заарни,, седењето и неработењето (небаре) во работните денови оние од адмистрацијата нешто работеа или пак сега работат. Кога да појди човек да сврши некоја работа на шалтерот ќе го најде ,,писулчето,, ПАУЗА. Демек од 9 до 10 многу се изморија и во 11 ајде да одмориме и шетај низ чаршија. Или пак помодерно не се пие кафе на работа, од она заедничкото, тука сварено ами во кафетерија да не видат сите од пред недела – две откако пушти коронавирусот.

Е, тоа е тоа. Некогаш старите ги почитуваа верските, а и другите. На пример, во недела не спрегнувале ѕевгар, не се оделе на орање… Не чинело ниту за стопанот, ниту за оној кој орал, а се плашеле да не им стане нешто на добитците. Сега нема добици, с јава тракторот и орај, сеј, жнеј, коси трева и сé што мислиш дека во минатите дена од неделата останало несработено. Така било некогаш. Тоа е минато, а нели нема да се враќаме на минатото, нели одиме во Европа, нели таму не се работи во недела, нели таму има помалку работни часа во неделата?

Да, ама таму часот, оној што е работен се мери како работен час и се знае кога и колку трае паузата за да ,,здивне,, работникот. Кај нас се  измислуваат неработни денови да се ,,одморат,, оние кои преку неделата не работеле и се јавуваат колку да се рече дека работат. Што е за нив значајно ако електронски се провери нивната картичка каде сé бележи автоматот на влезот на работните простории.

Да не бидам разбран погрешно. Не сум да нема неработна недела, ама да се знае кој, кога работи и зошто и колку пари добива за одработенити во тамошни пет-шест работни дена во ,,работната,, недела, во фирмата, претпријатието (посебно во јавните), се разбира не приватните, ами државните за оние, што вели,, дека таму се ,,за нишај врата – земај плата,,.

К.Р.

Loading