МАКЕДОНСКИ ДОБРОВОЛЕН РАСПАД

pismo-2

Се срамам, навистина се срамам. Држава. За нечии илузии и интереси, има ли некој уста да отвори во уставниот суд, да каже дека сé што се случува со промените на уставот е неуставно. Што вредат илјадниците жртви, побуни, страдања кога не прераснаа во свест на страдањата, кога над библиската земја е ставен мечот на Пилат.

Старите Грци имаат право кога велат дека нема злосторници, туку само незнајковци. Каде се нашите панаѓурски историчари и академци да потсетат за богатата македонска антика, за античкиот македонски јазик кој потекнува од македонското античко племе Пелазги, за вкупната раскошна македонска историја. Дури и Библијата е фалсификувана од Запад и Грците. Светиот Апостол Павле не рекол дека на сон му дошол човек од Македонија, туку рекол дека на сон му дошол Македонец кој го повикал за помош да дојде во Македонија. Новите градители на историјата им пресудија на старите. Формирана е армија на послушни. Култот на личноста зависи од степенот на послушноста. Ова наше племе не познава ништо друго, освен предавство. Ќе дојде миг кога ќе се потврди дека сме народ на предавници и дека не е измислен тој комплекс во нашата национална душа, ами дека е нејзино битие. Оваа ненаситница, челатта си ја јаде.

Овој маѓепсан круг на историјата уште во 1903 г. го прикажал доктор Христо Татарчев, еден од основачите на ВМРО, кога се вратил во Солун по визитата на некои градови во Вардарска Македонија. Од виденото, не го криел разочарувањето. Призвукот на горчина е јасен во изјавата – ,,Таму секој го гледа својот поединечен интерес,,. Тоа е вистина која не ја загубила актуелноста и денес. Секој е загрижен никој да не го препушти во трлото на своите привилегии и заслуги.

,,Macedonishe zustande,,. Тоа се зборовите на Адолф Хитлер., земајќи го нашиот случај за парадигма за отсликување на ситуацијата на неединство и кобна расцепканост. Тоа издашно го користеле и уште го користат и други. Години сме се ослободувале, а други нé заземале. Ако не можете да се спротивставите на злото, барем не преземајте чекори за учество во него. Зошто толку размислувања како да го одбиеме понудениот пехар со отров, а при тоа да не го повредиме давателот. Трагично е кога државата не е ограничена со правото, туку со партијата. Некои не веруваат поради слепото верување во нешто друго. Да сватиш, не значи и да оправдаш. Зар треба да купуваме пера, писмено да им се извинуваме на тие кои ги вознемируваме. Им простивме на другите тоа што никогаш не би си го простиле себе си. Покрај простувањето, нé сметаат за најлоши. Ако сме за нешто најлоши, заради тоа сме најлоши.

Тоа што го потпишале со нивните пријатели Грци и Бугари ќе го учат нашите деца и внуци. По извесно време ќе се потрудат што побрзо да го заборават наученото. И пак да остане длабоко памтење. Трагично е што заблудите ја создаваат човековата историја и ја кројат народната судбина. Многупати е потврдено дека историјата не ја создаваат незабележливи, мирни и добродушни луѓе, туку баксузи и злосторници. Додека некои ја градат среќата врз несреќата на другите и државата, дотогаш ние сме Варвари, на кои не им е местото во европското семејство. Посебно со решавање на проблемите на ,,балкански начин,,. Заборавате или не знаете дека е срамота да се застапуваат личните интереси. Вистинскиот Христијанин одбива да рече јас. Сјајот и декаденцијата на една личност зависи од неговите дела. Големината или падот на човекот зависи од начинот на воспитување. Во историјата, местата на убијците и предавниците се забележани како искариотски места (Искариот некаде во Јудеја). Јуда го предаде Исус Христос за 30 златници, но кога сватил што направил, се обеси. Нашиот парламент ќе биде забележан како искариотски. Има ли во светот друга држава која доброволно би се распаднала во замена за ништо? Не постои влог што би го оправдал ова мазохистичко однесување кон сопствениот народ и држава и кон себе си. Не знам каков е одговорот, какво е оправдувањето на оние кои толку веруваат во своите заблуди. Никој нема да ја избегне казната за кренатата уставна рака против сопствената држава и народ. Каков народ е тој, кај кого е пцовисана и омразата кон злосторникот и злосторот.

До кој степен меѓународната заедница ја доведе ова држава со отворените сугестии: ,,носете ги одлуките на балкански начин,, (во превод, вие сте диво племе). Уште еден ,,бисер,, – одлуките ќе бидат неменливи и неповратни. Ако се добри, зошто тогаш има такво размислување – ,,Што је баби мило, тој јој се и снило,, – би рекле Србите.

Како што сé е донесено на балкански начин, така и ќе исчезне. До кога овој народ со своето простување и игнорирање ќе се спротивставува на сите антидржавни и антизаконски случувања.

Прим. д-р. Благоја Дамески  

Loading