ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА СОЈУЗОТ НА БОРЦИТЕ ОД НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНАТА  И АНТИФАШИСТИЧКА ВОЈНА НА МАКЕДОНИЈА 1941-1945 И ГРАЃАНИТЕ ПРОДОЛЖУВАЧИ – ПРИЛЕП

За одбележувањето на 80 години од голем број на значајни настани и личности од нашето славно минато како Февруарскиот поход, Првото заседание на АСНОМ, Конечното ослободување на Прилеп, Формирањето на Петтата народноослободителна бригада (Прилепска),Загинување на Народни херои и други борци, Кузман Јосифоски-Питу,Кире Гаврилоски, Круме Волнароски, Илија Игески, Вера Циривири и други, Антифашистички фронт на жените на Македонија. Постојат и други настани и значајни личности со исклучителна улога во НОВ 1941-1945 и создавањето на слободна Македонија, како и настани од подалечното мината. Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи – Прилеп распишува:

НАГРАДЕН КОНКУРС

Наменет за ученици од основните и средните училишта од Прилеп, како и од општините, Долнени и Кривогаштани, каде ќе конкурираат со литературни творби – есеи (раскази) за некои од горенаведените настани, но и слободни теми од нашето минато.

Право на учество имаа сите ученици од основно и средно образование и тоа во две категории:

1. Ученици од 6-9 одд. во основните училишта;

2. Ученици од 1- 4 година во средните училишта;

Најдобрите литературни творби (есеи) и тоа за прво, второ и трето место во двете категории, ќе бидат наградени од Конкурсната комисија е составена од претставници на ОО на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи – Прилеп и наставници – професори од основните и средните училишта од општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани.

Творбите треба да се достават во печатена форма (А4 формат) со назнака “ЗА НАГРАДЕН КОНКУРС”, до 15.10.2024 година во ОО на СБМ – Прилеп, ул. Републиканска бр.76 Прилеп.                                                             

Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи – Прилеп

Претседател

Рубинчо Белчески

Loading