ПАРИСКИОТ ШАРМ НА ЕВРОПА

Отворен пазар на кој уметниците ги чекаат своите пет минути слава

Не е осамено никогаш железното здание – Ајфеловата Кула

Версај сведоштво за разврат

Najpoznatiot panoramnik na svetot - Ajfelovata Kula vo Pariz

Телото ми поттреперува, нозете ми лебдат по асфалтот, ме обзема некое чудно чувство – радост. Не, не се заљубив, туку телото ми реагира чудно на непознат начин. Тоа чувство ми го придизвикува Париз, градот на светлината, романтиката, модата, уметноста, градот кој диктира стил на остатокот од Европа како се станува метропола.

Аеродормот Шарл Де Гол убаво е обележан, дури и на англиски јазик. Во париз најдобро е да се престојува кај пријатели. Најдобар избор до сместувањето е автобусот, оти таксите се скапи. Добро е да се купи билет со фотографија за користење на автобус, метро и градскиот воз на два ката за 20 евра во било која зона. Нема сообраќаен метеж, се ужива во возењето до центарот и до почнатата авантура. Бидејќи Париз заробува со љубов. има попуст. Важно е да се обезбеди карта на градот со обележани региони и сите улици која ја има на секој чекор.

Длабок џеб за Мулен руж

Прва туристичка цел е Ајфеловата Кула. Не е далеку ниту Мон Мартр. Уште полесно се доаѓа низ тесните улички до базиликата Светото Срце на ритчето од кое се гледа од сите страни. Распослани уметници низ уметничкиот кварт. Продажна галерија на отворено, како пазар, на кој уметниците ги чекаат своите пет минути слава. Привлекува заради изолираноста од гласните булевари. Се чувствува здивот на посебна нота, блиска со луѓето. Тешко се заминува празен од  симпатичните кафетерии, мали галерии, книжарници. Пријатно е малку да се заскита, човек да се загуби. На Монмартр се спушта на првата голема улица – Булеварот Кличи. Таму е познатиот симбол на ноќниот живот на Париз – кабарето Мулен Руж. За претставите, потребна е резервација и подебело ќесе. Бесплатна е прошетката низ интересните секси шопови и стриптиз барови.

Во срцето на Париз е паркот Жарден де Тулерис. На едниот крај е музејот Лувр, а на другиот Конкорд, на кој е поставена панорама од која се гледа цел Париз. Недалеку се Големата и Малата палата, една спроти друга, кои за парижаните се многу важни. Гранде Палас е јавен изложбен простор со концептот на дела на починати светски познати сликари, вајари, спа и дизајнери, фотографи од денешницата. Изложбите се атрактивни. Епилогот на обиколката е улицата каде се бутиците на најпознати трговски марки.

Versaj - svedok na nenadminat razvrat

Триумфалната арка со 284 скали

Авенијата на Елисејските полиња е раскошна, жива. “Врв” е споменикот на непознатиот јунак на Арк д Триумф, на плоштадот Шарл де Гол. Преку подземен премин се излегува точно на капијата на која се качува на 284 скали и се ужива во погледот каде се судираат 12 булевари. Има и лифт. Под неа има воз за дел на Париз, полн со деловни солитери и современа архитектура. Го крстиле Ла Дифанс.

За музејот Лувр се потребни 3-5 дена. “Средба со импресионистите и неизбежната Мона Лиза е можна за еден ден. Воодушевуваат Наполеоновите апартмани кои откриваат зошто Франција била најголема светска сила.

Челичното здание – Ајфеловата Кула

Најпрепознатливата градба на светот – Ајфеловата Кула, е покрај реката Сена. Не е осамено никогаш железното здание. Ова е метална париска принцеза. Платото е окупирано со луѓе, кои чекаат да се качат по скалите или лифтот. Стравопочитување предизвикува грандиозноста од 324 метри со погледот од “небото”. Наспроти е палатата Челот, украсена со фонтани на платото. Палата Д Токио е музеј на современата уметност. Со зелениот вагон на покривот, зградата демонстрира дека неспоивото не е грдо. Околу е пазар на  симпатични книги за мали пари. Се пие и кафе. Ги импресионира очите со својата стаклено – железна конструкција центарот Жорж Помпиду, или како што парижаните сакаат да го наречат, центарот на модерната уметност Бобур. Во комплексот се Библиотеката на јавни информации, Националниот музеј на модерната уметност и Центарот за музички истражувања.

Шлаг е дворецот Версај на 18 км од Париз. Од состанокот со замокот и неговите одаи, станува јасно зошто моќниците на тоа време завршиле на гилотиња. Аристократијата, раскошот, хедонизмот, и не се надминати. Зад дворецот се простира градина со фонтани, лавиринти и вештачко езеро во форма на крст. Нозете се уморни од пешачење. Папсува телото. И свеста е преплавена со слики од крвави династиски војни, револуции…

Loading