СМАРАГДНИОТ ОСТРОВ – КРФ

Летна понуда

– Местото под сонце го наоѓале славните Гете и Оскар Вајлд

– Палеокастрица е најбава плажи со кристално тиркизно море

Hram v more

Најсеверниот остров во јонскиот архипелаг е Крф. Од седумте, втор е по големина, по Кефалонија. Најубав е не само во грчките води, туку и на Медитеранот. Заради бујната вегетација и бојата на морето, заслужено ги носи имињата “Зелен остров” и “Смарагден остров”. Тој е неповторлива комбинација на климата, колоритот и историјата.

Се кршеле копја со милениуми

На прагот на Отранската врата, теснецот на влезот во Јадранското Море, околу Крф со милениуми се кршеа копјата на освојувачи на стратешката позиција. Почетоци се од илирските пирати, а потоа се менувале армадите на Римското царство, Византија, преку Млетачките галии, Французи, Турци па дури и Руси. Во 1864 година, по 50 годишен англиски протекторат, е  под закрила на Грција. Бурна историја зрачи на секој чекор. Од населбите извира сплет на архитектура, венецијанска, па  англиска и француска, со космополитски дух да го исполни амбиентот на островот.

Заливи и цветни градини

Туристите добиваат што ќе посакаат. Тоа се плаќа “дебело”. Раскошно си поиграла природата по крајбрежјето. Мали и дискретни заливи со разновидна форма, некои тешко достапни за љубопитни, па продолжуваат долги плажи отворени кон морето и копното. Од северот до југот е туристичко Елдорадо. Меѓу нив нанижени се како бисер многу хотели, апартмани… Меѓу градот Крф и Касиопи се големите плажи во Ипсос. Тоа е омилено престојувалиште на Англичани. Има и минијатурни припитомени населби. Повеќето прераснале во атрактивни летувалишта со комфорни хотели, модерни вили и апартмани со градини, базени… Најпознат локалите е заливот на заљубените – Сидари. Касиопи е стуткан мал залив на островот опкружен со маслинови насади и чемпреси, лимони, калинки, смокви, палми. Под разгранетите крошни, цутат леи со разнобојни медитерански цвеќиња.

Главниот град оправдано се вбројува за еден од најубавите во Грција. Го сметаат за  славна средновековни градба. Многуте зданија се со повеќевековна историја. Тие се сведоци на бурното минато, на судирите на цивилизациите и татнежот на милениумите што ја пишувале историјата. Венецијанците владееле четири века и оставиле длабоки траги. Старата тврдина е од Византиското царство. Дел е од комплексот на стариот град. Керкира е музеј под отворено небо. Секоја педа тежи историја и мистични преданија, зачинети со смарагдното море, жешкото медитеранско сонце и воздухот заситен со миризбата на богатата медитеранска флора. Не зачудува атакот на илјадници туристи од целиот свет. Трага оставило и петдецениското управување на Англичаните. Навики се пренесувале и островот и денес е омилено летувалиште на Британците.

Pestera na lubovta

Рајски плажи

Палеокастрица е една од најбавите плажи со кристално тиркизно море и ситни камчиња. Сидари е местото на каналот на вљубените. Ветрот и морето ги извајале карпите како статуи. Глифада е плажа со ситен песок, преубаво море и денска забава на брегот. Агиос Гордиос, пак е тивка плажа за уживање во зеленилото околу и кристално синото море.

Јонскиот бисер Крф е мозаик на историја и цивилизации, раскошна убавина и тиркизно море со прекрасните плажи. Со величенствените градби, тврдини и цркви, како и со густата вегетација, кристално чистите и бистри води, преубавите песочни и тивки плажи, како и со многуте луксузните хотели, Крф секогаш е најатрактивните дестинации на модерниот туризам.

Крф во стиховите на Хомер

Убавините на Крф го има и во стиховите на Хомер. Одисеј, кралот на Итака, на враќањето од победничката војна против Троја, го здогледал островот и занесен од убавината се закотвил, да закрепне и одмори со прекрасната Наусика, ќерка на кралот Алдионос. Првите записи датираат од 734 година п.н.е. кога жителите на Коринт создале своја колонија. Во следните две ипол милениума се кршеле интересите на Исток и Запад за ова парче земја во морето.

Две жени во историјата на Крф

Катерина Медичи е заслужна за секоја засадена маслинка. Таа има давала на  сопствениците  по еден дукат кога дрвотот ќе дадело род. Затоа растат околу 3,5 милиони стебла на маслинки. За да се запази квалитетот, не се уништуваат комарците со запрашување. Втората жена е австриската принцеза Елизабета која го изградила дворец од сништата Ахилеон во некогашната престолнина на Крф, Гистурија. Богатиот сопственик вткаил сé што е врвно и префинето. Денес Ахилеон е мошне посетуван музеј. Своето место под сонцето на Крф го наоѓале славните Гете и Оскар Вајлд, а и Наполеон собирал сила и планирал нови завојувачки походи.

Loading