МОРЕ, МАСЛИНКИ И МАФИЈА

Сицилија

– Филмски познатите презимиња Корлеоне или Прици имаат потекло од срцето на земјата

Niz tatnezot na mileniumite na Sicilija

Елитна дестинација, најголемиот остров на Медитеранот – Сицилија, островот на сонцето, виното, маслинките и портокалите. Место е на медитерански мириси, прекрасни пејсажи и импресивни градби кои остануваат во срцата на посетителите. Регионот е преполн со разнобојни острови, недогледни плажи, планини, вулкани, лозја, плантажи со лимон…

Вртлог на култури и обичаи

Сицилија била грчка колонија во Римското царство. Пред обединувањето со Италија паднала под власт на Византијците, Арапите, Норманите, Французите, Шпанците и Бурбоните. Секој од освојувачите оставале силен печат. Човек ќе се ,,сопне,, на историските знаменитости во вртлогот на различни култури. Сицилија асоцира на мафијата, односно Ла цоса ностра. Познатите презимиња Корлеоне или Прици имаат потекло  од срцето на земјата. Со многувековното ропство, Сицилијанците загубиле верба во власта, развиле самопочит на ,,сопствените работи” (Ла цоса ностра). Во 1860 г., богатите вработувале разбојниците да ги штитат од конкуренцијата. Ширејќи страв со криминалот, мафијата се вовлекла во сите пори на општеството. Во Сицилија, мафијата е како растение, кое бујно успева и густо се распространува. За среќа, мафијата ги почитува и не ги вознемирува туристите. Ја нема на улиците, освен во приказните на туристичките водичи.

Место за исповед од лава посипено со злато

Туристите најчесто зачекоруваат во Катанија со поглед на Јонското море. Фасцинира Киклоповиот брег со големи вулкански камења, застрашувачки излезени од морето. Оттука извира легендата за киклопот Полифем и Одисеј и авантурите на Сицилија. Црната планина Етна е потврда дека туристите се на вулканско копно. Во подножјето е Катанија со историја на вулканска ерупција. Сведоштва се некои делови од градот од времето на стара Грција и Рим. Поголемиот дел градби во барок се по ерупцијата во 1669 г. и земјотресот во 1693 г. Градено е со црн вулкански камен. Во катедралата Св. Агатасе со фрески и витражи се зачувани делови од 10 век. Фасцинира местото за исповед, изработено од камен од лавата, посипен со злато. Симболот на градот е “Слоновска фонтана” со слонче од лава, кое носи исправен обелиск. Катанија е родниот град на Белини. Рибниот пазар е туристичка атракција, поради гласните продавачи. Катанија е град со живот, со душа, кој освојува и мами со шаренило.

Turistite se svetost za mafijata

Древни приказни од стариот антички град

Најсликовит антички град на Сицилија е Сирагуца на исток. Тој е од  времето на богатата прва грчка колонија. Тука е островчето Ди Ортиџи, поврзано со мост со “копното”. Таму е грчкиот театар каде лете се организираат музичко-сценски фестивали. Во близина е сочуваниот римски амфитеатар. Во каменоломот Сирагуца е пештерата Дионисиево уво. Отворот потсетува на уво. На островчето се остататоците од Аполоновиот храм и храмот Атина. Таму е катедралата Св. Луција, заштитничка на градот. Во ѕидовите се гледаат стапки од некогашниот храм. Тој е најспектакуларната градба во Сицилија. Таму е и митскиот извор на слатка вода.

Површините со маслинка и лозје се менуваат со непрегледните плантажи на лимони и портокали. Таормина е познато летувалиште на планината Монте Тауро на 200 метри над морето. Има спектакуларен поглед на карпестата плажа, модрозеленото море и на Етна. Целото гратче е пешачка зона, преполно со цвеќиња, живописни сувенири и кафетерии и тераси со незаборавен поглед.

Палермо – главниот град на Сицилија

Палермо е град на противречности и сообраќаен метеж. Полната светлина се доживува кај катедралата со надворешни геометриски декорациии. Туристичка атракција е Театро Масимо. Важи за трет најголем театар во Европа. Секој агол е украсен со различни скулптури, споменици, фонтани, мозаици, катедрали… Тоа е раскошот на Сицилија, која останува атрактивна туристичка дестинации која треба да се доживее. 

Вулкан – национален парк

Етна е најголемиот активен европски вулкан кој му се заканува на островот одамна. Природниот феномен е национален парк на 3330 метри. Етна е рид со многу мали одамна згаснати вулкани по кои може да се качува, спушта и влегува.

Loading