МАГИЧНАТА ИСТРА

– Порто Колоне е најголемо откриено археолошко место со диносауруси во Европа

– Виното се пробува од специјалните одлежани сокови од грозје, правени по стара техника

Jadranski biser

Истра на хрватското приморје се споредува со италијанската Тоска, а наликува и на француската ривиера. Кога ќе се види темелно, е  неспоредлива со ниеден регион, затоа што е посебна. Истра е најголемиот Јадрански полуостров со најголем дел асфалтирани патишта. Преполна е со мали островчиња. Брегот лете е полн со туристи. Се нудат разновидни содржини и за најмлади, и за млади, па и за повозрасни посетители. Збиднувањата се летни – концерти, перформанси, театри, филмски, музички и гастрономски фестивали. Диско клубовите и летните тераси ги отвораат своите врати. И никогаш доста забава плус за младите.

Истра не е голем простор. Каде и да е сместувањето, брзо се стигнува до секое одредиште. Се препорачува да не се патува во метеж кон Пула. Сообраќајот е најгуст околу три часот попладне, кога се создаваат тесни грла на патиштата.

Сместување во внатрешноста

За сместување има многу хотели и приватни вили и апартмани. Камповите се на крајбрежјето. Се нудат и куќи со базени. Цените се различни. Сместувањето во внатрешноста е најповолно. Доколку температурата не се спушти значително, а има ретки летни дождови, можно е капење во потполн мир. Градовите не се големи. Брзо се разгледаат. Добро е бегство од сонцето на вртоглавите летни температури.

Порто Колоне е најголемо откриено археолошко место со диносауруси во Европа. Траги од стапалки на диносауруси се наоѓаат ширум Истра. Најдобри излетнички места се Националниот парк Бриони, ÄРт Камењак, Слапот Сопот, напуштениот град Двиград, Медулинскиот архипелаг и многу други. Има што да видат љубителите на историјата. Почнувајќи од 3 000 годишниот град Пула, храмот на Август, Златните Порти. Оставаат без здив и зачуваните споменици од минатото. Повеќето гратчиња се средновековни. Ги има скоро на секој поголем рид. Маѓепсуваат со симпатичноста, малите камени улици и успореното животно темпо.

Гастрономијата се темели на некогашното сиромаштво со храна. Рецептите се прилагодени на секое непце. Воодушевуваат приготвените манештри, њјоки, фужи, истарската пршута и распламтените тартуфи кои од одамна со сигурност се голем афродизијак. Виното е посебност. Се проба од одлежани сокови од грозје, правени по стара техника, исклучително здрави. Не содржат вештачки додатоци. Рибните ресторани се места за дегустација на мајсториите на истарското традиционално кулинарство.     

Нуркање – доживување

Зеленилото е раскошно и во изобилство. Особено во внатрешноста, со поглед на питом предели, мали лозја и зелени дворчиња околу куќите. Се нудат секаков  вид на спортови на вода, од сурфање, нуркање или возење со џет скии. Истра е позната и по бројните марини со многу јахти. Воодушевуваат кристалното море и прекрасните песочни плажи. Задоволство е и планинскиот велосипедизам на патеките и авантуристички терени. Од градот Грачишче до слапот Сопот е најпозната патека за слалом со велосипеди. Нема разочарување и за тенисерите. Секој град има тениски игралишта. Во пораст е и голф – туризмот.

Pula i cela Istra - turisticka Meka na Jadranot

Loading