НАТПРЕВАР ВО СПЕЛУВАЊЕ

СОУ „Ѓорче Петров“

Gorce petrov 3

Во СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп се одржа 8 – миот натпревар во спелување Spelling Bee во организација на професорките по англиски јазик од училиштето Емилија Ѓорѓиева Велкоски, Марина Димоска, Неда Ченто, Елизабета Волнароска, Елизабета Милошеска, Катерина Пацаноска и Мери Свеќароска (Рампо Левката) и Билјана Наумоска Шукуроска (Климент Охридски) и дел од волонтерите од Мировниот Корпус.

– Секоја година сме се побројни што значи дека учениците го забележале позитивниот концепт  на натпреварот а тоа е изучување на нов вокабулар и стекнување на нови пријателства. По правилото на натпреварот требаше да се напишат 10 точни зборови од страна на натпреварувачите, кои им се читаа усно по случаен избор од страна на комисија составена од професори/лингвисти и волонтери од Мировниот Корпус. Минатата година имавме 180 учесници, а оваа година учество зедоја 230 ученици од Прилеп и околината од кои 14 натпреварувачи продолжуваат на Регионалниот натпревар во Битола кој ќе се одржи на 31 март во Градската библиотека “Св. Климент Охридски” – рече професор Емилија Ѓорѓиева Велкоски.

На регионалниот натпревар во Битола се квалификуваа:  Ризоски Ненад (ОУ” Гоце Делчев”), Станчески Емилијан (ОУ”Блаже Конески”), Мијакова Јована (ОУ”Кочо Рацин”), Мирчески Михаил (ОУ “Кочо Рацин”), Анѓелеска Анастасија (ОУ “Кочо Рацин”), Парапанска Јована (ОУ “Рампо Левката”), Бошкоски Леонид (ОУ “Климент Охридски”), Најдоска Бојана (ОУ “Климент Охридски”), Парапанска Ива (ОУ “Климент Охридски”), Ѓорѓиески Лука (ОУ “Климент Охридски”), Миланоски Мартин (ОУ”Климент Охридски”), Лозаноски Стефан (ОУ “Климент Охридски”), Стојкоска Сања (ОУ “Манчу Матак”-Кривогаштани), Мојсоски Николче (СОУ “Ѓорче Петров”).

Loading