СОУ Гимназија Мирче Ацев
Учениците и вработените од Гимназијата „Мирче Ацев” уште еднаш се покажаа како вистински професионалци, овој пат во ликовната уметност. На ликовна изложба „Слободни заедно, секој од свој агол”, по повод Месецот на Франкофонијата, се претставија со 29 дела.
– Сликите се изработени во различни техники и ја пренесуваат пораката за мир, слобода и дијалог меѓу народите. На 7 март се славеше слободата, мирот, пријателството, демократијата и човековите права, заложба на Меѓународната организација на Франкофонијата во која членуваат повеќе од 84 држави, а од 2006 година членка е и нашата држава, Република Македонија. На овој начин младите од прилепската Гимназија зедоа учество во реализирањето на иницијативата на младите франкофони и Генералниот секретар на ОИФ (Меѓународната организациај на Франкофонијата) како реакција на феноменот на ужасна радикализација на младите и зголемување на тероризмот во светот, потврдувајќи ги вредностите на слободата, солидарноста, да го промовираме мирот, мешавината од култури како богатство, а живеењето заедно како основна цел – информираат од Гимназијата.
Манифестацијата беше збогатена со музичкиот настап на учениците Анастазија Христоска, Ангела Зероска, Марија Андоноска, Бистра и Ведрана Петрески, придружени од Андреј Танески, на гитара. Водители на програмата беа Марија Андоноска и Иван Неделкоски. На изложбата со свои уметнички дела се претставија: Викторија Дунимаглоска, Марија Тодеска, Мартина Пусоска, Михаела Ѓоргиоска, Марија Петроска, Анастазија Христоска, Дамјан Трајкоски, Марија Тодеска, Викторија Дунимаглоска, Елена Велеска, Христијан Петрески, Јана Наумоска, Славчо Павлоски, Елена Ристеска, Михаела Узуноска, Милена Тасеска, Евгенија Јандреска, Сања Цветкоска, Ѓорѓина Саботкоска, Елена Хаџи-Спиркоска, Ана Поп-Антоска, Мелани Героска, Александра Попеска, Илина Смугреска, Гордица Димитриевска – Груеска, Александар Џинго, Марина Попоска, Ленче Трајкоска, Мирјана Бошковска, Светлана Барлакоска и Николче Богданоски.
Организатор и ментор на настанот беше професорката по француски јазик Мирјана Бошковска, а во реализацијата ì помогнаа Андреј Стојкоски, проф. Александар Џинго, проф. Гордица Димитриевска – Груеска и проф. Николче Богданоски.