ВО СЕЛОТО НА БАЈКИТЕ

slovacka

Наставничките Каролина Јовеска и Јулијана Талеска беа дел од победничкиот тим кој доби студиско патување во Словачка. Тие, заедно со уште десетина наставници и голем број ученици го освоија првото место на меѓународниот проект „Ноќ со Андерсен”. Во групата на наградени наставници, покрај од Прилеп, учествуваа и наставници од Неготино, Велес, Скопје и Охрид, како и од Србија. Минаа три незаборавни денови во Банска Бистрица. Селото на бајките „Хабакуки” обвиено во снег, ја претставувало грижата на Словаците за фолклорот, за бајките кои се пренесувале од генерација на генерација. Во секоја куќичка, на лето, се изведуваат најразлични работилници, поврзани со приказните: куклени претстави, читања, драматизации… Во Братислава го посетиле споменикот на Андерсен. 

Loading