КОГА СТИХОВИТЕ ОЖИВУВААТ

Леона Митревска, рецитатор

leona

Зборот има сила, има моќ, а кога е преточен во поетски стих откорнува до срж. Со невидена леснотија и убавина, стиховите мошне силно ги оживува Леона Митревска. Со интерпретацијата, бујат речениците, навираат како стерна. Дека знае да им даде боја, тон на зборовите, потврда доби и на државно ниво кога во трка меѓу рецитатори од цела држава го освои третото место. На 27 јануари во просториите на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” во Скопје се одржа вториот и финален круг од Државниот натпревар за најдобри рецитатори од основните и средните училишта. Во категоријата на рецитатори од средните училишта, ученичка Леона Митревска од III – 2 клас од Гимназијата “Мирче Ацев”, под менторство на професорката Весна Михаиловска, го освои третото место.

Леона Митревска ја сака и сцената. Има учествувано во многу училишни драматизации. Често и вешто се снајдува и со микрофонот, водејќи приредби, смотри, младински ТВ емисии… Знае да воспостави контакт со публиката и да биде и добра водителка. Дарбата за актерството и рецитаторството ја исполнуваат. Засега и се преокупација. Дали ќе се стреми да го живеам сонот како актер, ќе донесе одлука в година кога ќе биде матурант кој ќе треба да продолжи по колосекот на универзитетското образование. 

Loading