ЉУБОПИТСТВО ЗА ЗЕНИТ

3-petka

Петнаесетина ученици од петто до деветто одделение од ОУ „Блаже Конески“ со своите наставнички, во рамките на училишен проект, имаа средба со новинарите на неделникот Зенит.  Љубопитните деца прашуваа како создаваат весниците, како се креира информација, што е тоа новинарски кодекс, кои се изворите за новинарите… Повеќе од 20 минути внимателно ги следеа одговорите за тоа како се создава неделник. Круна на разговорот со новинарите беше заедничката фотографија со примерок од неделникот во рацете. 

Loading