ЈОВАНОСКИ ВО ВИТАМИНКА

Jovanoski vo vitaminka

Градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Советот Миле Талевски почнаа да ги посетуваат компаниите репрезенти на локалната економија. Прва дестинација им беше Витаминка, која што претставува врвен  бренд во својата дејност, не само на домашниот, туку и на странскиот пазар.

– Сакаме да се запознаеме со производствените капацитети на Витаминка, со нивните потреби, за да помогнеме во реализацијата на потребите што се во ингеренции на Општината. Воодушевен сум од начинот на нивното инвестирање и развојот на компанијата каде секој производ е бренд.  Витаминка’ е и општествено одговорна компанија, што ги поддржува сите културни манифестации и спортски клубови и сите го чувствуваме бенифитот. Општината ќе даде максимална поддршка на компанијата – акцентираше Јованоски.

Витаминка перманентно инвестира во проширување и осовременување на капацитетите.        

– Продолжуваме со соработката со локалната самоуправа и со поддршката на сите манифестации во градот, како досега. Во тек се две инвестиции. Првата е во фабрика 1, каде се гради нов фабрички ресторан и се прошируваат канцелариските простории за подобрување на условите за маркетинг. Втората инвестиција е во фабрика 2, со нов магацин за готови производи на 3.000 м2, современо складиште со три различни зони. Освен тоа планираме и поставување на фотоволтаици за производство на струја за објектот – рече Сашо Наумоски, генерален директор на Витаминка.

Успешната деловна политика на менаџерскиот тим на Витаминка, треба да биде модел на многу компании, кои што сакаат да чекорат стабилно во бизнисот, а при тоа да го промовираат и моделот на компанија со високо ниво на општествена одговорност. Вратите на компанијата со 650 вработени која извезува во 26 земји, се отворени за студенти, кои сакаат да се запознаат со широката палета производи, а особено со производството на националниот  бренд, Стоби флипс.

Loading