ОЧЕКУВАМЕ ПОВИСОКИ ОТКУПНИ ЦЕНИ ГОДИНАВА

Сојузот на тутунопроизводители на Македонија изрази задоволство од  најавата за повисоки субвенции за откупениот тутун од ланската реколта.

– По 80 денари ќе бидат исплатени за прва, по 70 за втора и 60 денари за трета класа тутун. Околу 9 милиони килограми тутун се откупени во прва класа, 13 милиони во втора, 1,2 милиони во трета и многу малку во четврта класа – рече Кире Неделкоски, претседателот на Сојузот на тутунопроиводителите.

Сојузот продолжува да преговара со откупувачите за повисоки откупни цени на тутунот. Ги повикува тутунопроизводителите да не брзаат со потпишување на нови договори.

– Се надеваме дека ќе има повисоки цена. Покачувањата бараме да бидат по 30 денари по килограм за секоја класа и да се приближат разликите на цените – вели Неделкоски.

Годинава сојузот очекува раст на интересот за тутунопроизводство, затоа што има нови откупувачи. Се проценува дека производството ќе биде  2-3 милиони килограми поголемо во споредба со лани.

Loading