ПОЛИТИЧКА ДИСКРИМИНАЦИЈА

risteskiПретседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Петар Ристески упати апел до градоначалникот Илија Јованоски и до премиерот Зоран Заев најитно да престанат политичкиот притисок и реваншизам. Според него,. од првиот ден 2018 г. без работа останаа околу 300 луѓе, претходно вработени во училиштата, јавните претпријатија, градинките, болница итн.

– Јованоски и Заев прават политички притисоци, закани и реваншизам во образованието. На околу 120 вработени во образование се прекинати договорите за работа. 20 се со исполнети услови за трансформација. Сите кои тужат заради тоа што ново назначените директори не постапуваат по законот, од директорите добиле изјави дека работните места не се од траен карактер. Тоа го прават со изјава за моралана и кривиична одговорност. Тврдат дека местата не се од траен карактер и сите директори треба да одговаараат кривично за давање на лажни изјави. Новите директори ги имаат тестовите за полагање и ги даваат на кандидатите со политичко ЦВ од СДСМ. Тестот не смее да се дава, а и ако веќе им се дава нека им се даде на сите. Политичката дискриминација е својствена за СДСМ. Директорите повеќепати го прекршија законотза еден месец – потенцира Ристески.

Тој реагира и за 19 вработени во градинките кои останаа на улица.     – Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска потпишала согласностите за продолжување на договорите. И таа се прашува зошто договорите не се продолжени? Дали некој локален моќник во Прилеп тргнал против нејзината одлука? Дали е тоа градоначалникот Јованоски, новата директорка на градинките или раководството на СДС? Ги повикуваме просветниот и трудовиот инспекторат да ги проверат укажувањата и да преземат соодветни мерки – заврши Ристески.

Loading