Градоначалникот Борче Јовчески и претседателот на Советот Ирена Стерјовска остварија средба со амбасадорката на Украина во Македонија, Лариса Дир, која беше во официјалната посета на општинава.
Ја запознаа амбасадорката со актуелните случувања, ги претставија природните богатства, туристичките и стопански потенцијали, кои нудат перспективи за идни соработки.
– Верувам дека воспоставувањето на дипломатски врски на ниво на локалната самоуправа, како и соработката со амбасадите во Република Македонија, ќе донесе позитивни промени за нашата општина и ќе придонесе кон просперитетот на Прилеп – изјави градоначалникот Борче Јовчески.
Во рамките на посетата амбасадорката на Украина ја виде Археолошката поставка во Завод и Музеј и Галеријата на икони како уникатен бисер на нашето културно и црковно наследство.