Градоначалникот Илија Јованоски изјави дека никој не избркал од локалната самоуправа, ниту има намера да брка некого.
– Договорите што претходниот градоначалник ги склучил на шеесетина лица, изминаа на 31 декември. Со истекот на договорите, заврши и работата. Претходниот градоначалник сметал дека нивниот ангажман треба да биде до 31.12.2017 година. Тука ништо не можам да направам – рече Јованоски.
Според него, во иднина општинската администрација, ќе ја има онолку- колку што тој мисли дека ќе има потреба од вработени и толку ќе се ангажираат квалитетни и стручни кадри.
– Нема да биде како досега, вработените да ги држиме на “стенд бај”, само да служат како гласачка машинерија. Вработувањата ќе бидат на неопределено време, на јавен оглас каде ќе можат сите да конкурираат и ќе бидат избрани најдобрите. Сето кажано се само лаги и манипулации на некои портали и на ВМРО-ДПМНЕ. Ова прашање треба да му го постават на претходниот градоначалник, не мене – категоричен е Јованоски.