РИСТЕСКИ МАНИПУЛИРАЛ СО АНГАЖМАНИ СО ДОГОВОР НА ДЕЛО

Миле Талевски – претседателот на ОО на СДСМ

talevskiВМРО – ДПМНЕ повторно игра на популистичка карта, обидувајќи се постизборното фијаско да го замени со градење рејтинг врз лаги и манипулации. И овојпат гази по човечките судбини. Марјан Ристески во изминатите години ангажирал и по 170 лица преку договори за услуги, договори по разни основи, во обид да купува гласови, да ги држи граѓаните во неизвесност. Ги ангажирал и им ги прекинувал договорите. Им давал лажна надеж дека ќе ги вработи на неопределено време. Локалната власт затекна околу 60 лица со договори за услуги по разни основи, на кои договорот којшто го склучиле им заврши на 31 декември. Ристески треба да одговори зошто не им го трансформирал работниот однос и зошто не ги вработил во Локалната самоуправа. Ангажирале лица со договори на дело по 10 години. Јасно било дека не сакале да ги вработат, туку ова била форма да останат во гласачкото тело на ДПМНЕ. На власта од ВМРО-ДПМНЕ не и била целта да се однесува со почит кон граѓаните, туку да ги има на листата на гласање. Оваа манипулација и злоупотреба, СДСМ нема да ја поддржува. Стручна и професионална општинска администрација без оглед на партиската провиниенција на вработените кадри е основна заложба на СДСМ. Според тоа, сите обвинувања на ДПМНЕ се пуст обид да им се чуе гласот во време кога партијата им е десеткувана – рече Миле Талевски, новиот претседател на ОО СДСМ.

Loading