СЛАВА ЗА ПАТРОНИТЕ

Основите училишта „Рампо Левката” и „Добре Јованоски” ги одбележаа своите патрон празници. Оддадоа почит на народните херои кои се симболи на храброста, саможртвата и бескомпромисната борба за слободата на нашата татковина, Република Македонија. Нивната жртва е длабоко врежана во колективната меморија на нашиот народ и останува вечен потсетник за храброста и љубовта кон слободата што тие ја покажаа.

– Заеднички вложуваме во подобрување на условите за работа и учење, преку бројни проекти и промени кои придонесуваат за подигнување на стандардите во нашите образовни институции. Нашата мисија е да создадеме средина во која секој ученик и наставник ќе може да ги реализира своите потенцијали и да се развива во духот на успехот, знаењето и посветеноста – рече градоначалникот Борче Јовчески.

Како учесници во Народноослободителната војна, тие заедно со уште 18 сограѓани, на 19 септември 1942 година, беа мачени и трагично убиени од бугарскиот фашистички окупатор кај селото Дабница.

Loading