НАГРАДИ ЗА ЛИЧНИ ТВОРБИ ЗА СВЕТИ НИКОЛА

literaturni-tvorci-gimnazijaСОУ Гимназија „Мирче Ацев

Гимназијалците освоија неколку награди на натпреварот за најдобри лични творби, по повод патронот на градот Св. Никола. Конкурсот за најдобра литературна творба беше во организација на Клубот на литературни творци, а право на учество имаа учениците од средните училишта. Во конкуренција од над 30 пријавени творби, гимназијалците освоија 4 награди и едно признание за пофален расказ.

Наградени беа: Теона Ацеска од 2-7, прва награда во категоријата поезија, Марија Андоноска од 3-8, втора награда за проза, Елена Ангелеска од 3-7, трета награда за поезија, Ивона Дукоска од 3-9, трета награда во категорија проза, а расказот на Давид Дамјаноски од 4-8 беше пофален. Литературните творци настапуваа под менторство на  Александра Ангелеска – Петреска и Лидија Тошеска.

Наградите и благодарниците на учениците им ги врачи Цеца Видова – Трајческа, претседателка на Клубот на литературни творци, а  доделувањето на наградите за најдобри лични творби  за 2017 г. (поезија и проза) се одржа на 14 декември во Градската библиотека.  

Loading